Милик веќе се исплатува, Наполи славеше против Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи го победија Милан со 4:2 во дерби мечот од 2 коло од италијанската Серија А.

Одличен меч одиграа двата тима, а на крајот Наполи ги запиша првите три бода во оваа сезона.

Со головитена Аркадиуш Милик во 18 и 33 минута домашниот поведе со 2:0, што беше резултат после првото полувреме.

Меѓутоа, поле само 10 минути игра во продолжението Росонерите дојдоа до израмнување.

Прво Нианг во 51 минута намали на 2:1, а Сусо на четири минути подоцна со прекрасен гол го израмни резултатот на 2:2. Сепак, Наполи стигна до трите бода. Хосе Каљехон погоди во 74 минута за 3:2, а конечните 4:2 ги постави Ромањоли со автогол во продолжението.

Милан мечот го заврши со девет играчи, бидејќи Јурај Куцка и Нианг добијаа црвени картони.