Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Баварците добија зелено светло.
Баерн и Сити започнаа преговори за остварување на голем трансфер.
Тема на разговор на управите на двата клубови е 23 годишниот офанзивец Лирој Сане, кој е голема желба на клубот од Минхен.
Како што тврди медиумот Daily Record, Баварците од Сити добиле зелено светло да разговараат со играчот и со неговите представници и спремни се да го продадат на великанот од Минхен.
Сане до 2021 година е „врзан“ со договор помеѓу него и англискиот првак. Меѓутоа, тој ги одби сите понуди за продолжување на соработката и му соопшти во клубот дека сака да си замине.
Германскиот репрезентативен одигра многу солидна сезона. Сепак, падот на формата му беше очигледен, а како причина за тоа најверојатно е желбата да го напушти клубот.