Двајца фудбалери од Кристал Палас се на пат кон Олд Трафорд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Солскер ги добива првите засилувања.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскер планира да го засили својот тим за време на овој летен преоден рок.

Позади Црвените Ѓаволи е уште една очајна сезона. Останаа без Лигата на Шампионите, а норвешкиот стручњак ќе има задача за време на летото да ја „освежи“ екипата.

Најавени се одредени заминувања од тимот. Солскер ќе проба да ги најде вистински замени за играчите кои ќе си одат, а дури двајца фудбалери од лондонскиот Кристал Палас можно е да завршат на Олд Трафорд.

Јунајтед е спремен да понуди 50 милиони фунти за левиот и десниот бек на овој тим, Патрик Ван Анхолт и Арон Ван Бисака и ќе проба да ги доведе во своите редови.

Двајцата позади себе имаат одлична сезона во Палас. Играат навистина одлично и се претпоставуваше дека клубот ќе добие понуда за нив двајцата.

Посебен интерес е покажан кон 21 годишниот Ван Бисака. Тој со своите игри воодушеви многумина, а одличните перформанси на настапите го доведоа и до репрезентацијата на Англија.

Јунајтед најави дека ќе проба посилно да ја засили дефанзивната линија. Во сезоната која е позади нас, одбраната на Црвените Ѓаволи делуваше очајно и засилувања се навистина потребни.

Дали ќе успеат да ги ангажираат и двајцата фудбалери на Палас ни останува да видиме, а понудата од 50 милиони фунти најверојатно нема да ги задоволи сопствениците.

Кристал Палас најверојатно ќе побара повеќе пари, но тоа не претставува проблем за екипата од Театарот на Соништата.