Бомба од Торино: Алегри повеќе не е тренер на Јувентус

Од таборот на Јувентус денеска соопштија дека тренерот на тимот, Масимилијано Алегри ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Алегри ќе ги одработи последните два натпревари од Серија А и потоа ќе си замине од тимот во кој за пет сезони освои 11 трофеи.

„Масимилијано Алегри нема да биде во Јувентус следната година. Тренерот и претседателот, Андреа Ањели утре ќе одржат прес конференција со почеток во 14:00 часот“ –стоеше во соопштението испратено од Јувентус.

Се уште не е познато кој ќе го наследи Алегри на клупата на Јувентус, но едно е сигурно, тоа нема да е Антонио Конте кој веќе се договори со тимот на Интер.