Фановите на Реал Мадрид против трансферот на Погба: Повеќе го сакаат Ндомбеле

Шпанскиот медиум „АС“ организираше анкета за тоа кој фудбалери треба да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

На анкетата гласаа вкупно 160.000 фанови кои беа на ставот дека Еден Азар е нивен прв избор за актуелниот преоден рок.

Фановите посакуваат ангажман и на Лука Јовиќ кој се најде на втората позиција на листата на „АС“, додека трет играч кој е посакуван од навивачите е Кристијан Ериксен.

Интересно е тоа што Пол Погба доби само 13.800 гласови и со тоа е на шестата позиција од можните засилувања на „Кралскиот клуб“.

Вака изгледа комплетната листа на „АС“

  1. Еден Азар- 53.700 гласови
  2. Лука Јовиќ- 34.700 гласови
  3. Кристијан Ериксен- 25.300 гласови
  4. Нејмар- 16.900 гласови
  5. Тангуј Ндомбеле- 16.400 гласови
  6. Пол Погба- 13.800 гласови