Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Павел Недвед пред мечот против Аталанта (1-1) јасно кажа дека Јувентус има идеја кој ќе биде нов тренер на клубот.
Масимилијално Алегри по пет години ја напушта „Старата дама“, а газдата Андреа Ањели за неговиот наследник сака врвен стратег.
Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан се практично недостапни, а Јирген Клоп реши да остане во Ливерпул додека не ја освои Премиерлигата, па изборот паднал Маурицио Покетино.
Аргентинецот сезонава го однесе Тотенхем до финалето во Лигата на шампиони, но опцијата за заминување е уште отворена.
Наводно, Покетино ќе побара од Тотенхем да замине како слободен тренер, односно ќе бара да не се плати отштетната клаузула од 40 милиони евра.
Јувентус за него подготвил „кралски услови“, поточно тие ќе му понудат договор на три години со плата од 12 милиони евра.