„Ако ја освоиме Лигата на шампиони, ќе плачам цела недела“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино откри дека е многу емотивен човек. Аргентинецот пушти солзи пред ТВ-камерите откако неговиот тим го совлада Ајакс во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Со тој триумф Тотенхем се пласираше во финале, кадешто ќе се пресмета со Ливерпул во борба за титулата. Тоа ќе биде прво англиско финале уште од 2008 година, а Покетино се надева дека ќе го освои првиот трофеј со клубот.

„Мојата мајка вели дека често плачам, и кога сум среќен и кога сум тажен. Ми се случува да плачам и по враќање од тренинг, само ако слушнам емотивна песна. Постои музика, која ме потсетува на Аргентина. Плачам и кога гледам филмови. Ако ја освоиме Лигата на шампиони мислам дека ќе плачам цела недела“, кажа Покетино.

Финалето се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“ на први јуни.