Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид со претставување на нови фудбалери за идната сезона ќе почне од наредната недела, според „АС“.
„Кралевите“ пишуваат дека Еден Азар ќе биде првиот, кој ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“. Белгиецот денеска го игра финалето во Лига Европа и неговиот трансфер ќе биде потврден наредната недела.
Доколку нема никакви компликации, тогаш на трети јуни Азар ќе биде на „Бернабеу“ и ќе се фотографира во дресот на „кралевите“.
Англиските медиуми открија дека Азар ќе биде платен 115 милиони фунти, а Белгиецот ќе добие плата од 400.000 фунти неделно.
Шпанскиот гигант по ангажирањето на Азар сака да тргне по потписот на Лука Јовиќ, кој треба да го купи во наредниот период.