Јувентус сериозно работи на враќање на старата „десетка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус е активен во преговорите за нови засилувања, иако во моментов бара и нов тренер, откако се раздели во Масимилијано Алегри на крајот на сезоната.

Големо засилување за Јувентус треба да биде Пол Погба, кој токму од италијанскиот шампион се пресели во Манчестер јунајтед.

Директорот Фабио Паратичи бил во Манчестер, кадешто разговарал за Погба, па ќе се обидат да ја вратат старата „десетка“ во клубот.

Овој 26-годишен фудбалер беше омилен меѓу навивачите на „Старата дама“, па сигурно би бил дочекан со големо воодушевување.

Сепак, Јувентус за неговиот потпис ќе има конкуренција од Реал Мадрид, кој долго време се поврзува со услугите на Французинот.