Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хабиб Нурмагомедов на седми септември ќе се бори на УФЦ 242 во Абу Даби против Дастин Порие за титулата во лесна категорија.
Според обложувалниците во Лас Вегас, Порие е апсолутен аутсајдер против Нурмагомедов. Очекувано Хабиб е фаворит во мечот, па се очекува да ја освои титулата.
Фантастичниот борец од Дагестан, кој никогаш не успеал никој да го победи, најави дека едвај ја чека борбата, но дека едноставно мора да го уништи противникот.
„Дастин имаше одлична борба. Искрено, очекував Холовеј да победи, но Дастин ме импресионираше. Боксуваше подобро од претходно, а во секоја борба е многу подобар. Заслужи да се бори за титулата“, вели Нурмагомедов.