Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во сенка на трансферот на Еден Азар, Кристијан Ериксен и уште неколку големи европски ѕвезди, летово ќе се води голема борба за десното крило на Лил, Николас Пепе.
Неверојатниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска сезонава во 41 настап постигна 23 гола и 12 асистенции и речиси нема шанса следната сезона да остане во Лил.
За Пепе е заинтересирана половина Европа, зашто станува збор за талентиран фудбалер, а првиот чекор го направи Интер кој испрати примамлива понуда.
Интер планира да ги ангажира Герет Бејл и Един Џеко, а претходно го договорија Диего Годин, па сега со 70 милиони евра ќе го бркаат Пепе.
Италијанците се прв клуб кој официјално почна преговори со Лил, а француската екипа сака десет милиони повеќе за својот фудбалер.