Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачите на Англија направија нов инцидент, откако се истепаа со полицијата во Порто, кадешто се игра полуфиналето од завршниот турнир на Лигата на Нации.
Англичаните играат против Холандија, меѓутоа повторно хулиганите се во прв план, поради нередите кои ги направија во центарот на португалскиот град.
Претседателот на англиската полиција, Марк Робертс го осуди ваквото однесување на хулиганите.
„Тоа што го видовме беше разочарувачко. Би им порачал на сите навивачи – немој да бидете такви идиоти! Однесувањето на мал број навивачи ја расипува репутацијата на поголем дел од фановите“, вели Робертс.
И во Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија се разочарани поради ваквите случувања.
„ФА ги осудува сцените кои ги видовме во Порто. Секој кој е одговорен, не заслужува да биде сметан за вистински англиски навивач“, пишува во соопштението.