Челси испрати жалба до Судот во Лозана поради забраната за трансфери


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Челси очигледно не може да се помири со тоа дека имаат забрана за ангажирање фудбалери во наредните два преодни рока.

Откако во март се жалеше на ФИФА поради одлуката, Челси сега испрати и жалба до Арбитражниот суд за спорт со надеж дека казната ќе биде укината или намалена.

Да потсетиме, „сините“ нема да може да ангажираат фудбалери во наредните два преодни рока поради неправилности при потпишување договори со малолетни фудбалери.

Доколку не успее жалбата, Челси ќе биде во големи проблеми затоа што наскоро се очекува и Еден Азар да си замине од Лондон и да се пресели во Реал Мадрид.

Позитивна информација за Челси е тоа што клубот се избори за настап во Лигата на шампиони следната сезона, па тоа е мала утеха за навивачите.