Бејл донесе конечна одлука за својата иднина


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Герет Бејл го кажа своето и не постои никаква можност да се промени ситуацијата. Репрезентативецот на Велс пред заминување на одмор порачал дека нема да преговара со ниту еден клуб, па ќе остане во Мадрид.

Причината е јасна, нема намера да се откаже од платата од 17 милиони евра, ниту да се врати во Англија.

„Кралевите“ немаат начин да го избркаат, па му се закануваат дека ќе го исфрлат во вториот тим, но Бејл е свесен дека тоа е невозможно.

Наводно, Бејл им порачал на соиграчите дека е подготвен да седи на клупата кај Зинедин Зидан до крајот на договорот, но убеден е дека би можел да добие шанса.

Не постои начин за да го промени неговото мислење, па јасно е дека тој останува во Мадрид.