Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалија во финалето од Лигата на нации успеа да ја совлада Холандија со 1-0, додека во полуфиналето беа подобри од Шведска (3-1). Во двата натпревари одличен беше Роналдо, а посебно во полуфиналето каде постигна хет-трик.
Роналдо ги предводеше Португалците до уште една титула после Европското првенство во 2016. година. Веднаш почнаа гласини дека тој ја заслужува Златната топка бидејќи и оваа сезона беше на високо ниво.
Тој баш и за тоа говореше после натпреварот и беше сосема искрен.
Призна дека во кариерата никогаш немал лоша сезона и дека и оваа завршил со три освоени трофеи.
„Освоив три натпреварувања оваа сезона и бев добар како и секогаш. Во својата кариера никогаш не сум имал лоша сезона, а ниту оваа не беше различна. Моите бројки во овие 16 години говорат се. Не знам дали ја заслужувам Златната топка и тоа го оставам на оние кои гласаат“, рече Роналдо.