Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Постои голема можност во текот на мечот од квалификациите за Евро 2020 меѓу Турција и Франција да бил договорен нов трансфер.
Првата ѕвезда на преодниот рок е Еден Азар, кој од Челси се пресели во Реал Мадрид, а сега неговиот рекорд може да го надмине Пол Погба.
Средбата на трибините на стадионот во Коњаспор ја следел директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, кој според „Кориере дело Спорт“ имал контакт со Погба, со кој се договориле за трансфер.
Меѓутоа, преговорите со Манчестер јунајтед воопшто нема да бидат лесни, зашто „ѓаволите“ сакаат 150 милиони евра за војот фудбалер.
Овој 26-годишен фудбалер е омилен меѓу фановите на „Старата дама“ и неговото враќање навивачите сигурно ќе го дочекаат со големо воодушевување.