Официјално: РК Вардар ја најде замената за Парондо во Шпанија!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Вардар на крајот на сезонава се раздели со Роберто Гарсија Парондо, а денеска на официјалната страна на „црвено-црните“ беше потврдена неговата замена. Нов тренер на европскиот шампион ќе биде Шпанецот Давид Хозе Писонеро, кој потпиша двегодишен договор.

Писонеро пристигнува од Ваљадолид, кадешто беше тренер во претходните две сезони. Како ракометар Шпанеот може да се пофалисо две ттиули во Купот Асобал со Кантабрија и Ваљадолид, а неколку пати бил и вицешампион.

Ракометната кариера ја завршил во мај 2003 година поради повреда, а Писонеро притоа кажа дека е среќен што ќе биде тренер на Вардар и што ќе биде дел од Лигата на шампиони, кадешто ќе има голем предизвик да ја одбрани титулата со „црвено-црните“.