Навивачите на Челси ќе збеснат: Мурињо се враќа на „Стемфорд бриџ“!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Жозе Мурињо е на листата со кандидати за нов тренер на Челси, откако речиси сигурно е дека Маурицио Сари ќе го напушти клубот и ќе му се приклучи на Јувентус.

Сепак, Мурињо не е единствен кандидат за „жешкото“ столче, па на листата уште се наоѓаат Масимилијано Алегри, Нуњо Еспирито Санто, како и Хави Гарсија од Вотфорд.

Но, покрај Алегри, Мурињо е еден од најголемите фаворити за тренерската позиција. Тој го водеше Челси на 320 натпревари, а притоа оствари 204 победи и 51 пораз.

Португалецот има најдобар процент на победи и порази во историјата на Челси, па освои три шампионски титули, три трофеи во Лига Купот и еден ФА-куп.

Мурињо досега двапати доби отказ кога работеше во Челси, но по успехот, доби отказ и сезонава во Манчестер јунајтед, па нема голем кредибилитет, а се поставува прашањето дали Челси ќе му даде шанса.