Реал Мадрид откри кога ќе го промовира Јовиќ на „Бернабеу“ (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативните обврскис е завршени, па Лука Јовиќ утре го очекува голем момент во кариерата, зашто ќе биде официјално претставен во Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

По тој повод „кралевите“ денеска се огласија на клупскиот сајт и потврдија дека промоцијата на Јовиќ е закажана за утре, со почеток во 13 часот во ВИП-салата на стадионот.

Веднаш потоа, Јовиќ ќе излезе на теренот на „Бернабеу“ во дресот на Реал, а новинарите, секако, ќе имаат шанси да разговараат со српскиот репрезентативе.

Јовиќ зад себе има феноменална сезона во Ајнтрахт Франкфурт, во чиј дрес минатата година одигра 48 меча, а притоа постигна 27 гола и седум асистенции.

Многу големи европски клубови беа заинтересирани за неговите услуги, но Реал беше најконкретен, па за 60 милиони евра го ангажираше напаѓачот.