Јунајтед најде засилување во Барселона: „Ѓаволите“ плаќаат 60 милиони евра за искусен фудбалер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед летово ќе го менува составот, а се шпекулира дека од „Олд Трафорд“ ќе си заминат Пол Погба и Давид де Хеа.

Тоа ќе биде тежок удар за клубот, зашто ќе мора да најдат соодветни замени во момент кога клубот не настапува во Лигата на шампиони.

Каталонски „Спорт“ објави дека „ѓаволите“ имале преговори со Барселона поврзани за трансфер на Иван Ракитиќ, кој дефинитвно следната сезона нема многу да добие шанса затоа што во Каталонија пристигна Френки де Јонг.

Договор би можел да биде постигнат за 60 милиони евра, а тоа не треба да му претставува проблем на клубот од Манчестер. Сепак, се поставува прашањето дали 31-годишниот фудбалер сака да се пресели на „Олд Трафорд“.