Фенербахче замена за Елмас ја најде во Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турски „Хуриет“ пишува дека Фенербахче се подготвува за разделба со Елиф Елмас, но притоа тие тргнаа по негова замена и очигледно ја пронајдоа во Вардар, а станува збор за 19-годишниот Али Адем.

Елмас се очекува летово да замине од турскиот клуб и да се пресели во некој европски гигант, откако за него интерес покажаа Атлетико Мадрид, Тотенхем, Лацио, Фиорентина и многу други.

Фенербахче поради тоа ќе го ангажира бисерот на Вардар, Адем, за кој всушност нема да плати откуп, односно компензација за 19-годишниот фудбалер.

Да потсетиме, Фенербахче на сличен начин го ангажираше и Елмас во 2017 година, а тогаш платија за компензација околу 180.000 евра.

Целата статија на турски „Хуриет“ може да ја прочитате на овој ЛИНК.