Погба реши да замине од Манчестер: Време е за нов предизвик!

Францускиот репрезентативец Пол Погба реши да го напушти Манчестер јунајтед, кој го ангажираше пред неколку години од Јувентус.

Англиските медиуми објавија дека Погба на управата на Манчестер без многу двоумење ѝ порачал дека сака да замине летово.

„Три години сум во Манчестер – имав добри и лоши моменти, како и сите. Мислам дека ова е добро време за нов предизвик“, порачал Погба.

По изјавата нема дилеми дали Французинот сака да замине од „Олд Трафорд“, но сега не е познато во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Долго време се шпекулираше дека ќе се пресели во Реал Мадрид, а со него се поврзуваше и Јувентус, но сигурно сега ќе се вклучат и некои други европски гиганти, па останува да видиме каде ќе ја продолжи неговата кариера.