„Ѓаволите“му нудат неверојатна плата на Погба за да остане на „Олд Трафорд“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Пол Погба покажа желба летово да го промени клубот, односно да го напушти Манчестер јунајтед.

Интерес за Погба покажаа Реал Мадрид и Јувентус, кои се подготвени да го ангажираат, но од Јунајтед добија негативен одговор.

Тренерот Оле Гунар Солскјер порача дека новата екипа сака да ја гради околу Погба, но во прилог не му оди желбата на фудбалерот.

Меѓутоа, „ѓаволите“ сакаат да му понудат плата од дури 500.000 фунти неделно, а тоа е речиси двојно од неговата сегашна неделна плата, која изнесува 290.000 фунти.

Толку голема плата во моментов има само Алексис Санчез, но речиси сигурно Чилеанецот ќе го напушти Јунајтед летово.