Од Барселона негираат преговори со Атлетико за Гризман

Иако многумина го гледаат Гризман во Барселона, од каталонскиот клуб ги отфрлија шпекулациите кои ги поврзуваат со ангажман на францускиот фудбалер.

По најновите настани, јасно е дека од Барселона ќе се насочат кон враќање на Нејмар во своите редови, па евентуалниот трансфер на Гризман би можел да почека.

„Отсекогаш кажуваме дека немам зборувано со него и неговите претставници. Нема ништо од таков трансфер“- истакна Жозеп Мариа Бартомеу за евентуалниот ангажман на Антоан Гризман.