Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Милан потврди дека нов тренер на клубот ќе биде Марко Џампаоло, поранешниот тренер на Сампдорија, кој ќе го преземе тимот на први јули 2019 година.
Џампаоло потпиша соработка со „росонерите“ до 30 јуни 2021 година, со опција да го продолжи договорот до 2022 година.
Тренерот досега предводел екипи на 324 меча, од кои 270 дуели биле во италијанската Серија А. Џанпаоло ја почнал кариерата како асистент во Пескара во 2000 година и доби лиценца за тренер во 2007 година.
Тој предводеше неколку клуба од тогаш, меѓу кои Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша и Емполи, а последен во низата е Сампдорија.
Џампаоло првиот тренинг ден во Милан ќе го има на деветти јули.
Comunicato Ufficiale: Marco Giampaolo ➡ https://t.co/tdRtTYqzGj
Official Statement: Marco Giampaolo ➡ https://t.co/tjukG4NVJk pic.twitter.com/sMCnEZEyVt
— AC Milan (@acmilan) June 19, 2019