Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Атлетико Мадрид денеска и официјално објавија дека постигнале договор со Реал Мадрид за ангажман на нивниот фудбалер, Маркос Љоренте.
24 годишниот играч од средниот ред со Атлетико Мадрид потпиша петгодишен договор, а „кралевите“ за него добија сума од 35 милиони фунти.
Љоренте минатата сезона одигра само 16 натпревари во дресот на Реал Мадрид, но и покрај тоа „јорганџиите“ одвоија значителна сума за неговите услуги.
Фудбалерот пристигнува на „Ванда Метрополитано“ како замена за Родри кој се поизвесно ќе си замине во Манчестер Сити.