Барселона се распрашуваше за фудбалер од „Сан Сиро“, а Милан одговори – НЕ!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Милан се наоѓа во големи финансиски проблеми, откако минатогодишните вложувања на донесоа резултат, па не успеаа да се пласираат во Лигата на шампиони, а сега следува ремонт на тимот.

Марко Џанпаоло стана нов тренер на „росонерите“, па јасно е дека следната сезона ќе биде помирна за разлика од претходните, барем кога станува збор за трансфери.

Милан може да биде конкурентен на трансфер-маркетот, но само ако ги продаде своите главни фудбалери, но засега ги одбиваат понудите за нив.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека на „Сан Сиро“ пристигнала понуда од Барселона за Алесио Ромањоли, која била вредна 40 милиони евра.

Меѓутоа, новите главни луѓе во раководството на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан им кажале НЕ на Каталонците, зашто не сакаат да го продаваат капитенот.