Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски би можел да си замине од редовите на Лидс Јунајтед ова лето доколку ја прифати понудата која стигна на негова адреса.
Француските медиуми пишуваат дека тимот на Марсеј сериозно се заинтереисрал за услугите на фудбалерот на Лидс Јунајтед.
Андре Виљаш Боаш ќе ги продаде првите ѕвезди на клубот со цел да ги исполни правилата на Финансискиот фер плеј и планира да донесе неколку играчи кои нема да чинат многу, но кои можат да му помогнат на Марсеј да се врати на вистинските патеки.
Меѓу нив бил и Алиоски, меѓуота како што говорат информациите од Франција, Марсело Биелса нема намера лесно да се ослободи од нашиот фудбалер кој беше најстандарден во тимот минатата сезона.