Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во наредните недели би можел да биде урнат светскиот рекорд за дефанзивец, кој го држи Вирџил Ван Дајк кој во јануари минатата година за 85 милиони евра се пресели од Саутемптон во Ливерпул.
Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер сити планира да понуди 90 милиони евра за Хари Мегваер од Лестер сити.
Англискиот репрезентативец, наводно, на своите најблиски пријатели им кажал дека добил понуда од „граѓаните“ вредна 280.000 фунти неделно.
Гвардиола одамна го сака Мегваер, па не чуди тоа што сака да плати цело богатство за англискиот фудбалер. Иако се очекуваше рекордот на Ван Дајк да го урне Матијас де Лихт, сепак очигледно тоа нема да се случи, зашто младиот стопер најверојатно ќе се пресели во Јувентус за 70 милиони евра.