Меси, каде си? Избран најдобриот состав на Копа Америка, но нема Аргентинци (ФОТО)

На Копа Америка заврши групната фаза од натпреварувањето, па пласман во следното коло обезбедија репрезентациите на Бразил, Парагвај, Венецуела, Аргентина, Колумбија, Чиле, Уругвај и Перу.

Потоа беше избран и најдобриот состав во групната фаза, а интересно е тоа што нема ниту еден Аргентинец, па дури ниту Лионел Меси.

На голот е Фаринез од Венецуела, додека во задната линија се Луис Фелипе и Дани Алвеш од Бразил, како и Хименез и Годин од Уругвај.

Во средниот ред се наоѓаат Арангиз и Пулгар од Чиле, Махис од Венецуела и Хамес Родригез од Колумбија.

Во нападот се Евертон од Бразил и Едисон Кавани од Уругвај, па така Аргентинците не добија ниту еден фудбалер во најдобриот состав.