Мега-трансфер на повидок: Обамејанг се сели во жесток ривал на Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пјер Емерик Обамејанг пристигна во Англија во јануари 2018 година за 56 милиони евра, а тоа беше рекорден трансфер за Арсенал, па набрзо го оправда епитетот засилување и сега е еден од главните фудбалери на „топчиите“.

Сепак, откако Арсенал остана без пласман во Лигата на шампиони, често се шпекулира дека Обамејанг ќе го напушти Лондон, а како следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед, кој бара нов напаѓач.

„Ѓаволите“ наскоро ќе останат без Ромелу Лукаку, кој треба да се пресели во Интер, па тренерот Оле Гунар Солскјер е убеден дека Обамејанг ќе биде вистинско решение за неговиот напад.

Обамејанг минатата сезона постигна 31 гол во 51 одигран меч за Арсенал, па така беше најдобар стрелец на лондонскиот тим, со кој има договор до 2021 година.