Направен е уште еден добар договор: Реал Мадрид го продаде својот дефанзивец на Милан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид одлучи да се ослободи од неколку играчи, меѓу кои и Тео Хернандез.

По едногодишна позајмица во Реал Сосиедад, Хернандез оди во Милан, каде што се согласи на шестгодишен договор и се очекува официјално да стане играч на Росоњерите во понеделник по медицинскиот преглед.

Клубовите постигнаа договор, исто како и Милан со играчот, па затоа останува само да се формализира оваа работа.

На крајот, Реал со продажбата ќе добие 20 милиони евра, а со продажбата на Ковачиќ и Маркос Љоренте, Мадрид ќе добие околу 100 милиони евра.

Се очекува Реал да инкасира од Бејл и Џејмс околу 100 милиони евра, што ќе покрие голем дел од буџетот што е потребен за засилување во ова лето.

Инаку, Хернандес најпрво ќе замине на позајмица, по што Милан ќе мора да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра. Левиот бек кој е роден во Марсеј во Реал дојде во 2017 година за 24 милиони евра од Атлетико Мадрид.