Рома во последен момент го продаде еден од најдобрите свои играчи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Грчкито дефанзивец Костас Манолас и дефинитивно ќе го облече дресот на Наполи.

Гласините за неговиот трансфер траеја со недели, многу клубови се интересираа за неговите услуги, но на крај победи ривалот на Рома, Наполи.

Дека се е завршено потврди и Рома, која на официјалната страница објави дека на сега веќе поранешен нивни член му посака се најдобро и се заблагодари за се што направи на Олимпико, а за овој трансфер Волчицата ќе добие повеќе од 30 милиони евра.

Манолас ќе потпише 5 годишен договор и по сезона ќе заработува 4 милиони евра.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Рома биле приморани на ваков потег, бидејќи до полноќ морале да го наполнат буџетот за да го избегнат кршењето на финансискиот фер-плеј и евентуална санција од УЕФА.