Скандал на Копа Америка: Аргентина против Бразил ограбена за два пенали


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роди Забрано, еквадорскиот судија, тешко ја оштети Аргентина во поразот од 0-2 против домаќинот на Бразил во полуфиналето на Копа Америка.

Аргентина со право бараше два пенали, но ниту судијата на теренот, ниту ВАР-собата не им дадоа пенали по стартовите на Алвес и Артур на Агуеро и Отаменди, иако очигледно беше дека двапати бразилските фудбалери намерно стартуваа на нивните противници.

Аргентина до крајот можеше да се врати доколку судијата покажеше пенали во нивна корист, но тоа не се случи.

Меси беше бесен по судиските одлуки, па порача дека ВАР е чисто ср**е.

„На Копа Америка го донесоа ВАР за секое ср**е, а при две ситуации, кога требаше да добиеме пенали, нив никаде ги немаше. Неверојатно! Се надевам дека нешто КОНМЕБОЛ ќе направи за да се смени ова“, порача Меси.