Барселона продава една од своите ѕвезди во Ливерпул


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Ливерпул минатата сезона ја освои Лигата на шампиони и сега им се потребни неколку засилувања во екипата за да го нападнат врвот во Англија.

Со оглед на тоа дека Даниел Стариџ заминува од Ливерпул, местото во нападот може да биде потполнето со Осман Дембеле од Барселона.

Неодамна Каталонците соопштија дека скапоцентото „засилување“ платено 125 милиони евра е недопрено, но работите во меѓувреме се сменија.

Поради тоа што постои можност Нејмар да се врати на „Камп Ноу“ во Барселона сериозно размислуваат да ја прифатат понудата за францускиот репрезентативец.

Според шпекулациите на „Дејли Стар“, Ливерпул во следните денови ќе испрати понуда до Барселона за фудбалерот, кој многу му се допаѓа на Јирген Клоп.