„Скај Спортс“: Манчестер Јунајтед блиску до договор со третото големо засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед притиска за ангажман на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.

24 годишниот фудбалер кој постигна 32 погодоци минатата сезона е голема желба на Оле Гунар Солскјер.

„Ѓаволите“ наводно подготвуваат понуда од 50 милиони фунти, сума која што не е доволна за Спортинг. Сепак, се верува дека двата клуба наскоро ќе најдат заеднички јазик околуова прашање.

„Дејли Мејл“ пак пренесува дека агентот на Фернандеш во овие моменти ќе пристигне во Манчестер каде ќе треба да ги договори сите детали. Истиот медиум објавува дека „ѓаволите“ се договориле да платат 70 милиони фунти, а наводно со агентот телефонски била договорена плата од 100.000 фунти неделно.