Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Англискиот второлигаш Дерби каунти денеска го постави Филип Коку за нов тренер, откако претходно Франк Лампард си замина од тимот и се пресели на кормилото на Челси.
Коку го замени Лампард на кормилото на Дерби, па потпиша четиригодишен договор, а засега не се открива колку пари ќе добива годишно од клубот.
Поранешниот репрезентативец на Холандија ја почна тренерската кариера во ПСВ, кадешто работеше пет години. Тој го водеше клубот до три титули во шампионатот на Холандија. А до октомври минатата година беше на клупата на турски Фенербахче.
? Eredivisie x7
? Johan Cruyff Shield x4
? KNVB Cup x3
? La Liga x1 #WelkomCocu— Derby County (@dcfcofficial) July 5, 2019