Салах се расплака како мало дете по поразот на Египет (ФОТО)

Шансата на Мохамед Салах да ја освои „Златната топка“ се намали, откако синоќа Египет како домаќин на континенталното првенство беше елиминиран во нокаут-фазата.

Во средбата од осминафиналето Јужноафриканската република славеше со минимални 1-0, а голот беше постигнат во завршницата на мечот.

Поразот му падна тешко на Салах, а тоа го покажува и неговата реакција по последниот судиски свиреж, по кој не можеше да ги запре солзите и заплака поради големото разочарување затоа што не можеше да го освои важниот трофеј за неговата земја.