Габриел Хесус доби црвен картон, па „се истури“ на монитор за ВАР технологијата

Репрезентацијата на Бразил синоќа по деветти пат во историјата го освои натпреварувањето Копа Америка, откако го победија Перу со 3-1.

Еден од најдобрите играчи на теренот беше Габриел Хесус, се до средината на вториот дел.

Имено, тогаш играчите на Перу го провоцираа со неколку стартови, па на крај направи глупост и доби црвен картон.

Додека го напушташе теренот, својата фрустрација „ја истури“ на монитор за ВАР технологијата, а малку подоцна седна на скалите и почна да плаче.

Навистина не му беше лесно после црвениот картон, но може да биде среќен бидејќи неговите колеги од репрезентацијата и без него остварија победа на теренот.