Шокантни вести од Италија: Синиша Михајловиќ ја прекинува тренерската кариера поради тешка болест

Навистина шокантни вести стигнуваат од Чизмата поврзани со српскиот стратег, Синиша Михајловиќ.

Имено како што пренесува „Кориере дело Спорт“ тренерот на Болоња направил детални медицински прегледи, а лекарите му препорачале дека лечењето траба да го продолжи со агресивен третман и за тоа веднаш мора да ја прекине тренерската кариера.

Се очекува во текот на денешниот ден Михајловиќ тоа да го соопшти на специјална прес конференција која сигурно ќе биде и повеќе од емотивна.

Михајловиќ направи вистинско чудо откако успеа да ја зачува Болоња во Серија А. Во овој клуб српскиот стратег работи од јануари и од тогаш бележеше само позитивни резултати успевајќи да направи голем успех.

Претходно во кариерата освен селектор на Србија ги водеше  и тимовите на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.