Рома и Милан преговараат: Наскоро следува голема трампа!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Рома покажа интерес летово да го донесе фудбалерот на Милан, Сусо, но тоа воопшто нема да биде едноставно.

Италијанските медиуми пишуваат дека Сусо ќе го напушти Милан и ќе ја продолжи кариерата во дресот на Рома, која е заинтересирана за Шпанецот, но „росонерите“ нема лесно да го пуштат.

Од Милан порачаа дека Сусо може да замине само ако за него биде платена откупната клаузула од 40 милиони евра, но тоа за Римјаните е премногу.

Сепак, Рома има план како да го ангажира Сусо. „Ла Република“ објави дека тие испратиле понуда за трампа со Милан. Тие го нудат Хавиер Пасторе во замена за Сусо.

Оваа понуда би можела да биде интересна за Милан, кој пред неколку години се обиде да го ангажира Пасторе од ПСЖ.