Милан купи тројца фудбалери, а Џампаоло бара уште две засилувања


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


По Бенасер, Круниќ и Тео Ернандез потребни се двајца фудбалери, но буџетот не ветува големи имиња во Милан.

Доколку Милан не го добие Дејан Ловрен, тие ќе се обидат да го ангажираат Настасиќ, кој би пристигнал на позајмица.

Се чека решение, а буџетот кој го имаат Милан и Звонимир Бобан е 34 милиони евра, за двајца фудбалери.

Постои шпекулација и за Лука Модриќ, но засега не е познато како би го ангажирале кога имаат премногу мал буџет за нови фудбалери.

Во секој случај, треба да се очекуваат уште двајца фудбалери, па доколку ги продадат Франк Кеси или Рикардо Родригез, сигурно ќе соберат пари можеби за едно звучно засилување.