Федерер донесе важна одлука: Почнува изграда на цела империја! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер реши да се пресели, а само плацот го чинеше 45 милиони евра. Тенисерот во моментов е во Швајцарија по поразот во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ, па во таткотвината пронајде мир.

Сепак, според швајцарските медиуми, Федерер дефинитивно реши да се пресели и во иднина ќе живее во градчето Раперсвил.

Федерер ја продал досегашната вила, која исто така била на брегот на езерото со феноменален поглед, па нема сомнеж дека неговата нова вила ќе изгледа многу подобро.

Федерер планира на плацот од 18.000 квадратни метри да изгради вистинска империја, голема вила со разни комплекси на згради и свој тениски терен. Сепак, ќе биде потребно време додека се заврши тоа, зашто прво мора да се подготват плановите, за кои е потребно од два до три месеци.