Солскјер со директна наредба до Вудвард: Донеси го овој играч по секоја цена…


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер му дал задача на извршниот директор на клубот, Ед Вудвард да го донесе Хари Мегваер.

Мегваер е топ цел на Манчестер Јунајтед, а повредата на Ерик Бејли дефинитивно ќе значи и дека клубот од „Олд Трафорд“ ќе мора да купува нов стопер.

За Мегваер „ѓаволите“ треба да издвојат околу 80 милиони фунти со што би го направиле фудбалерот најскап дефанзивец во историјата на фудбалот.