Се чекаше на Интер, но Рома го повлече првиот потег: Џеко плус пари за Икарди


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека од таборот на Рома подготвуваат изненадувачка понуда за Интер.

Имено, римскиот клуб ќе испрати понуда од 30 милиони евра плус Един Џеко за да ги добие услугите на Мауро Икарди.

Долго се шпекулираше дека Интер е заинтересиран за Џеко, меѓутоа досега не беше испратена понуда од клубот од Милано, па сега првиот чекор го повлече Рома која испрати понуда која не е толку примамлива за Интер, меѓутоа е вредна за разгледување со оглед на фактот што Антонио Конте не смета на Икарди за следната сезона.