„Бомба“ на „Олд Трафорд“: Јунајтед си купи фантастичен стопер! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед долго време се поврзуваше со трансфер на Хари Мегваер од Лестер сити, а конечно денеска пристигна потврда за трансферот.

Мегваер денеска пристигна на медицински прегледи во Манчестер, кои ги помина, по што потпиша шестгодишен договор, со можност соработката да ја продолжи на уште една година.

Англискиот репрезентативец беше еден од најважните фудбалери на „лисиците“ во претходниот период, па се очекува да биде големо засилување и за „црвените ѓаволи“.