Баерн остана без посакуваното засилување: Одличен фудбалер се сели во Лондон

„Мундо Депортиво“ пишува дека Тотенхем ќе го ангажира Џовани Ло Селсо од Бетис на позајмица за 16 милиони евра.

Новинарот Фабрицио Романо ја потврди информацијата и објави дека фудбалерот веќе пристигнал во Лондон.

Доколку Тотенхем е задоволен од неговите настапи, ќе може да го откупи Аргентинецот за 40 милиони евра.

Ова ќе биде ново големо засилување по пристигнувањето на Тонгај Ндомбеле, 22-годишен фудбалер кој стигна за 60 милиони евра од Лион.

Преодниот рок завршува во 18 часот во Англија, па Тотенхем се надева дека ќе реализира уште некој трансфер дотогаш.