Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Челси сеуште е во преговори со Пари Сен Жермен околу трансфер на Давид Луиз, поради тоа што управата не може да се сложи околу цената, пренесе денеска Скај Спортс.
Челси понуди 30 милиони фунти за Лиуз, но Пари Сен Жермен, кој пред две години го купи Бразилецот токму од Челси за 50 милиони, не сака да изгуби 20 милиони на трансфер.
Луиз пред две години отиде на Стенфорд Бриџ за рекорден трансфер кога се во прашање дефанзивци.
Новиот тренер на Челси Антонио Конте сака да го доведе дваесет и девет годишниот Бразилез, поради тоа што речиси сигурно пропаднаа доаѓањата на Алесио Ромањоли од Милан и Калиду Кулибали од Наполи.
Скај Италија пренесе во минатата недела дека Милан одби понуда од Челси од 30 милиони фунти за Ромањоли, а дека Кулибали „90 %“ нема да премине во Челси.
Челси во јануари 2011 година го доведе Луиз од Бенфика за 21 милиони фунти. Луиз за три години одигра 143 натпревари за Сините во сите натпреварувања и потигна 12 голови