Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Рома се пред ангажман на десниот бек на Челси, Давиде Запакоста.
Италијанскиот интернационалец не е во плановите на Френк Лампард кој наскоро ќе се ослободи од играчот кој во 2017 година пристигна на „Стемфорд Бриџ“.
Фановите го бараа Запакоста во првиот тим по лошите две партии на Цезар Аспиликуета на отворањето на сезоната, но Лампард ќе одлучи шанса да му даде на младиот Рис Џејмс кој минатата сезона ја помина во Виган.
19 годишниот Џејмс сезоната ќе ја помине како втор десен бек на Челси и ќе биде опција за Цезар Аспиликуета.