Манчестер Јунајтед на Алексис му исплатиле неверојатна сума


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Чилеанецот во јануари 2018. година стигна од Арсенал. Требаше да биде големо засилување, но тој на Театарот на сонишатата не покажа апсолутно ништо.

Тој одигра вкупно 45 натпревари во дресот на Црвените Ѓаволи. Постигна пет погодоци, а нив ги наплати и тоа како скапо.

Така за нешто повеќе од година и пол на Олд Трафорд тој наплати дури 41 милиони фунти, односно 8.2 милиони фунти за секој постигнат погодок.

Неговото присуство на Олд Трафорд и тоа како му се исплати.

Алексис во наредните денови треба да потпише за Интер. Конечно Манчестер Јунајтед ќе се реши од него, што им беше план уште пред година дена.